Македонскиот ракометен шампион, екипата на Вардар, ќе игра во финалето на „Хумел купот“ во Магдебург, откако попладнево без никакви проблеми ја реши полуфиналната енигма наречена Холстебро (33-28).
Вардарци клучната предност ја обезбедија на стартот од второто полувреме, по релативно изедначените први 30 минути кои завршија со минимални 14-13 за нашиот претставник. Со серија 8-2, избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ дојдоа до високи плус седум (22-13), кои потоа умешно ги задржаа до крај.
Вардар во утрешното финале на турнирот ќе игра со бундеслигашот Магдебург или словенечки Горење (19 часот).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.