На денешниот прием во Владата почесниот претседател на Вардар Михајло Михајловски најави дека европскиот првак ќе се обиде да врати дел од играчите што имаат договори со другите клубови.

Секој што поптишал за друг клуб, а што сака да остане, ќе се разговара со него и новиот клуб. Нема договор што не може да се раскине, најавил Михајловски на приемот во Владата.

Најмногу притисок од навивачите има за останување на Карачиќ и Милосављев, кои нема сомнеж дека би сакале да продолжат да го носат „црвено-црниот“ тим.

Игор Карачиќ има потпишано договор со Келце, Дејан Милосављев треба четири години да го брани голот на Фуксе Берлин, додека Рожерио Мораес заминува во Веспрем на три сезони. Заминуваат и Дмитри Кисељов, Глеб Калараш и Јања Војводиќ.


Извор 24 ракомет

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.