Вардаровата бајка ќе продолжи. Најдобриот тим во Европа цврсто ќе стои на нозе и следната сезона, нема простор за паника околу финансиската иднина на оваа македонска гордост.
Проблемите за кратко време се решени, бранителот на титулата во Лигата на шампионите ќе има буџет од три милиони евра, сосема доволно за нова неверојатна година, дознава „Спортмедиа“.
Два милиони евра во клубот ќе дојдат од спонзорства, Вардар ќе биде државен проект. Во најава се спонзорства од ЕЛЕМ, Т-мобиле, ќе се вклучи и Хари Костов, генералниот директор на „Комерцијална банка“.
Сергеј Самсоненко, главниот креатор на овој шампионски тим ќе остане во клубот како и досега, како што самиот најави во Келн, „црвено-црните“ ќе одат и по трета титула.
Сега Вардар треба да работи за четврто учество и нова титула. Задачата наша е секогаш фајнл-фор, и потоа да одиме на прво место, изјави Самсоненко по освојувањето на пехарот.
Ракометарите денеска беа на прием кај премиерот, Зоран Заев, кој најави наградата од половина милион евра за големиот успех, 100.000 евра, Вардар ќе добие од АМС. Овие пари ќе бидат распределени кај играчите, добро е познато дека пет месеци немаат добиено плата.
Со еден збор Вардар ќе ги расчисти сите долгови и ќе продолжи да чекори по победничките патеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.