Европскиот ракометен шампион Вардар, денеска од 17 и 30 часот во Скопје го пречекува германски Кил во дерби средбата од 4. коло на Лигата на шампионите.

Денеска на терен ќе излезат две екипи што заедно имаат освоено пет шампионски титули. Вардар двапати беше првак на Европа последниве три години, додека германскиот тим трипати беше европски првак во периодот од 2006/2007 до 2011/2012 сезона.

Позитивен сигнал за „вардарци“ е враќањето на капитенот Стојанче Стоилов во записникот за натпреварот, а колкава ќе биде неговата минутажа по рехабилитацијата останува да се види попладнево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.