Македонскиот машки ракометен првак Вардар со една нога е во четвртфинале од Лигата на шампиони откако вечерва славше на гостувањето кај Загреб со убедливи 18-27.
Криштопанс и Карачиќ реализираа по пет гола, Мораеш постигна четири а одличен на голот беше Милосављев со 14 одбрани.
Иако со една нога веќе е во четвртфинале, Вардар ќе треба да го чекира билетот пред својата публика, мечот во „Јане Сандански“ се игра на 30. март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.