Ракометарите на Вардар го претпеа петтиот пораз во низа во Лигата на шампионите, откако на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ загубија од унгарскиот шампион ПИК Сегед со 27:30.

Причината за поразот на „црвено – црните“ од унгарскиот шампион, втор за една недела треба да се побара во лошото прво полувреме. Избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ, многу лошо го отворија натпреварот, бидејќи во првите 16. минути од мечот постигнаа само еден гол (1:8), а на полувремето заминаа со негатива од седум гола (9:16).

Во второто полувреме Вардар играше многу подобро, но не успеа да ја анулира високата негативата и да му се реваншира на ПИК Сегед за поразот од пред една недела на гостински терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Марио Соштариќ со седум реализации, додека кај Вардар по пет дадоа Дибиров и Гаџа. Одличен меѓу стативите беше Роланд Миклер со 12 скротени удари, додека Томовски го заврши дуелот со пет.

Вардар досега во Лигата на шампионите има скор од пет порази, две победи и едно реми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.