РК Вардар попладнево го совлада европскиот шампион Монпелје со 33-27 во последниот меч од групната фаза во ракометната Лига на шампиони. Со оваа победа Вардар го освои третото место во групата, па во осмина-финалето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, една од екипите на Мотор Запорожје или ППД Загреб.

Навивачката група “Комити” како и секогаш, така и на овој натпревар беа главната поддршка на црвено-црните, а овојпат од трибините порачаа – „Да живее Македонија”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.