Ракометарите на Вардар се пласираа во финалето на Купот откако го добија дербито против бранителот на трофејот Металург со 27-22 во првото полуфинале одиграно попладнево во салата „Автокоманда“.

Иван Чупиќ беше најефикасен на мечот со седум гола, додека Кристијан Дисингер и Ловро Јотиќ реализираа по шест удари за Вардар, а Мартин Серафимов и Василие Калуѓеровиќ постигнаа по шест погодоци за Металург. Голманот на Металург Даниел Дупјачанец имаше забележителен настап 15 одбрани, додека на спротивната страна Борко Ристовски забележа 14 интервенции.

Вардар во утрешниот меч за трофејот ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу Пелистер и Бутел.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.