Вардар како се уште актуелен европски ракометен владетел ја дочека денешната ждрепка во ЕХФ Лигата на шампиони за сезоната 2020/21. Црвено-црните пред повеќе од една година го освоија континенталниот трон и уште се таму поради пандемијата со Коронавирусот. Поради опасниот вирус, ЕХФ мораше да ја одложи нокаут фазата во ЛШ, но и завршницата во Келн, па Вардар уште е во ситуација на европски шампион.

На денешната ждрепка, Вардар беше извлечен како носител во А групата, каде за противници ги доби Пари Сен Жермен, Киелце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум и Фленсбург.

Во Б групата ќе играат: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје, Загреб.

Сезоната ќе почне на 12-13 септември, ќе се игра двокружно (дома и на гости), а дуелите ќе се играат во среда и четврток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.