Двата натпревари меѓу Вардар 1961 и норвешки Елверум во рамки на Лигата на шампиони ќе се играат во Скопје, соопшти попладнево македонскиот ракометен првак.

Првиот меч е закажан за 21 февруари во 16 часот во салата „Јане Сандански“.

Вториот меч што првично требаше да се игра во Норвешка, ќе се игра, исто така. во „Јане Сандански“, на 24 февруари со почеток во 18,45 часот.

Вардар е последнопласиран во групата А со три бодови од седум натпревари, додека Елверум е место погоре на табелата со четири бодови од осум натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.