Првиот четврт-финален натпревар од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе се одигра на 25 април (четврток) во Скопје во СЦ „Јане Сандански” во 20 часот

Во договор со клубовите домаќини, ЕХФ маркетинг и ТВ куќите што прават пренос усогласени се сите термини од четврт-финалето.

Реваншот со ПИК Сегед е закажан за 5 мај (недела) во 19 часот во Унгарија.

Наскоро ќе има и детали околу продажбата на билети за мечот во Скопје..

Во четврт-финалето на ЕХФ лигата на шампионите ќе играат:
Флензбург – Веспрем
Нант – Барселона
Кјелце – ПСЖ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.