Ракометниот клуб вардар добива нозо засилување од Хрватска. Нов член на вардарци ќе биде левиот бек, Анте Кудуз (25). Хрватскиот интернационалец и македонскиот тим потпиша двегодишен договор, а тој во Скопје би требало да остане до летото 2023 година.
Кудуз (202 см.) доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде што лани беше прогласен за најдобар играч во првенството на Романија. Со Динамо Букурешт минатата година настапуваше во групната фаза од Лигата на шампионите, во групата Д. Со екипата избори пласман во осминафиналето, но натпреварите беа откажани и административно беа одредени учесниците за Фајнл-фор турнирот.
Кудуз во сезоната постигна 61 гол, а особено значајно беше неговата улога токму во дуелите со Спортинг во елиминациите и пласманот за осминафиналето. Сезонава на четири натпревари во Лига Европа досега постигна вкупно 11 гола. Динамо Букурешт е во група со Спортинг, Кристијанстад, Фуксе Берлин, Татран Прешов и Ним.
Во својата кариера Кудуз има настапувано за Осијек, Вараждин, Дижон (Франција), Винтертур (Швајцарија). Лино Червар го повика и на квалификацискиот дуел со Белгија за пласман на ЕП 2020 година, кога Кудуз постигна 1 гол. Беше и на поширокиот спиок за ЕП 2020.
Вардар 1961 за од следната сезона го договори и десното крило Дарко Ѓукиќ, а од сега на полусезона пристигна и Васко Шеваљевиќ кој ќе остане 1,5 сезона во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.