Екипата на Вардар денеска го игра реваш-дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите против ППД Загреб во СЦ „Јане Сандански“. На првиот меч во Загреб, „црвено-црните“ победија со 27-18, па на денешниот дуел во Скопје се очекува македонскиот тим да се пласира во четвртфиналето.

Тренерот на вардарци, Роберто Парондо сепак ги предупреди своите ракометари да не се опуштаат, бидејќи Хрватите се одличен тим и не треба да бидат потценети.

Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да одиграат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар, изјави Парондо на пресот пред дуелот.

Дуелот помеѓу Вардар и ППД Загреб почнува од 19.30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.