Младите ракометари, предводени од Кире Лазаров, треба само да го повторат успехот со Полска од фазата по групи, за да го освојат овој ЕХФ-шампионат. Мотивот не е само сатисфакција дека сме го освоиле овој турнир, туку и отворената порта кон ЕХФ ЕУРО следната година, за оваа генерација. Практично, самите се играат за својата иднина, а веќе покажаа дека можат да играат против Полска, во првата фаза, кога ја совладаа со 30-25.
Репрезентативките, пак, до 17 години во далечната Клаипеда, во Литванија ќе војуваат за слични почести. Во финалето играат против Исланд, со желба да заокружат еден импресивен турнир. Во него загубија само од Шпанија, а победија четири пати. Исланѓанките уште немаат пораз во полуфиналто ја добија страшната Шпанија, а единствениот меч кој не го победија беше против Полска, која пак ние ја совладавме.
Оттука, шансите постојат, а мотивацијата е пласман во европската елита и за оваа генерација и за девојките кои доаѓаат по неа. Хендикеп ќе биде отсуството на селекторот Љубомир Савевски од клупата, како и на повредената Александра Коловска.
Девојките во Клаипеда играат од 17 часот, момците во „Борис Трајковски“ од 18.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.