Славниот хрватски ракометар и тренер Златан Сарачевиќ, кој е на чело на Подравка, пренесен е во болница во Копривница откако му се слошило по завршувањето на денешната средба со екипата на Локомотива.

Во женското ракометно дерби, Подравка Вегета ја совлада Локомотива со 32:29, со што се доближи чекор до титулата шампион.

Додека давал изјава за медиумите, Сарачевиќ се почувствувал лошо, па веднаш со автомобил е пренесен во болница.

„Спортске Новости“ пишуваат дека најверојатно се работи за срцев удар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.