Голманот Мартин Томовски очекува Вардар да биде се подобар како што ќе изминуваат натпреварите.
– Одлично го отворивме натпреварот и создадовме убава разлика која ја контролиравме до крајот. Имавме и падови во играта. Сепак ние сме нова екипа и се уште се пронаоѓаме себе си. Верувам дека во иднина ќе бидеме се подобри. Благодарност до публиката која ни даваше ветар во грбот, истакна Томовски.
По две кола во А-групата од Лигата на шампионите, Вардар е на 4.место со три бода, додека белорускиот тим е претпоследен (7. место) без освоен бод
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.