Еден од ракометарите во актуелниот ростер на Вардар, со најдолг стаж во клубот е хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ.
Тој е член на „црвено-црниот“ клуб уште од 2012 година и ја игра својата седма сезона. Во интервју за клупскиот сајт ја најави можноста дека може да си замине, па навивачите одлучија со петиција да побараат да остане во Вардар.
Икона на клубот, староседелец со најдолг стаж и огромен придонес за сите наши радости. Можеби сме имале и подобар среден бек во Циндриќ, но верноста и љубовта на Карачиќ не можеме да ги замениме! Она што е многу вредно – треба да го зачуваме!, се вели во петицијата.
Доколку сметате дека треба Карачиќ да остане во Вардар, вашиот глас може да го дадете ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.