Финалето во ракометниот Куп на Македонија помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер го одбележа инцидентот кога полицаец со пендрек го удри Филип Талески.

Талески доби удар со пендрек во глава од полицаец, а сега ракометарот тврди дека намерно бил удрен.

Очигледно беше дека полицаецот тргна со намера да удира, ако не бев јас тогаш сигурно пендракот ќе завршеше во нечија друга глава. Вака за Канал 5 ракометарот Филип Талески го опиша саботниот инцидент по ракометниот меч Вардар – Пелистер, појаснувајќи дека на него не му претходел никаков конфликт или вербална расправија и дека не го познава полицаецот.

Ракометарот има и медициснки извештај за повредата која му ја нанел полицаецот и вели дека за среќа нема посериозни повреди и дека ударот со кој се здобил бил во лице. По инцидентот Талески бил повикан на распит во полициска станица, а во консултација со адвокат вели дека размислува и да поднесе тужба против полицискиот службеник.

МВР веќе отвори предмет за инцидентот. Оттаму за Канал 5 посочуваат дека случајот сеуште се испитува И дека додека трае внатрешната контрола во Министерството, полицискиот службеник е суспендиран од работа.

Наеднаш дојде од позадина и со пендрак замавна со цел да ме удри. Да не бев јас, можеби ќе беше некој друг играч, но се виде дека со намера го направи тоа, да употреби сила. Навистина не знам како е можно од полицаец да добијам удар со пендрек. Не направив ништо за тоа да го заслужам. Во шок сум, како и целата ракометна јавност во Европа“.

Тие сцени го обиколија целиот ракометен свет. Добив многу пораки за поддршка. Исто така, верувам дека надлежните органи ќе си ја завршат работата во овој случај. Верувам дека такви работи нема да се случуваат во иднина“, изјави македонскиот репрезентативец



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.