Македонската женска сениорска ракометна репрезентација е убедливо поразена со 27-38 од Словенија во реванш натпреварот и со тоа не успеа да обезбеди пласман на следното Светско првенство.

По оние „минус три“ во Скопје не само што не се случи чудо, туку Македонија претрпе катастрофален пораз, одигра почетнички во поголемиот дел од 60-те минути, демонстрирајќи немоќ во однос на ривалот кој не е дел од самиот „крем“ на Европа, но сепак делуваше како велесила за национален тим.

Мундијалот останува само сон за нашата женска ракометна репрезентација, која за место во елитата сепак ќе треба уште многу, многу да напредува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.