Денеска се играат двата полуфинални натпревари на Светсткото ракометно првенство во Египет, во кои пласман во големото финале ќе бараат четири европски репрезентации. Во првото полуфинале ќе играат Франција и Шведска (17.30 ч.), додека во второто полуфинале се среќаваат Шпанија и Данска (20.30 ч.).
И на двете репрезентации во првиот полуфинален дуел, Франција и Шведскаќе им недостасуваат по неколку стандардни репрезентативци. Никола Карабатиќ е отсустен кај триколорите додека „трите круни“ играат без дури девет ракометари.
Традицијата на меѓусебни пресметки на Мундијалите е тотално на страната на Франција која славеше на дури девет од претходните 10 дуели со Шведска.
Тие се големи фаворити, но ние нема да играме на овој натпревар за да загубиме туку да победиме – изјави селекторот на Шведска, Глен Солберг.
Пред денешното полуфинале, селекторот на Франција Жил остана и без двајца клучни ракомеарите, Нгесан и Лука Карабатиќ.
Најдобрите ракометари на Шведска не се на Мундијалот, но нивната репрезентација успеа да се пласира во полуфиналето и тоа значи дека не смееме да ги потцениме – вели Кентан Мае, кој игра одлично на Мундијалот.
Далеку поголемо внимание предизвикува второто полуфинале во кое ќе играат актуелниот светски против актуелниот европски шампион, Данска против Шпанија.
Шпанците играат фантастично во Египет, додека Данска во најлудиот натпревар во историјата на светските првенства дури по пенал рулетот го победи домаќинот откако претходно и двете репрезентации пропуштија шанса да слават.
Данска е репрезентација полна со фантастични ракометари, иако сите ги истакнуваат Ландин и Хансен, тие се многу повеќе од тоа. Имаат одлична одбрана, а како и сите скандинавски репрезентации имаат и одлични крила. Што се однесува до нападот, не смееме да ги губиме топките и да им дадеме шанса да изведуваат контри. Промашувањата мора да ги сведеме на минимум, а во одбраната мора да бидеме агресивни. Едноставо мора да одиграме совршено за да ги победиме – смета поранешниот вардарец, Жоан Канељас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.