Репрезентацијата на Хрватска ќе игра во финалето на Европското првенство откако вечерва по голема борба ја совладаа репрезентацијата на домаќинот Норвешка. Иако водеа во текот на целиот меч, несфатливо паднаа со играта и дозволија Норвешка да се доближи и да прејде во водство.Во последните четири минути се случуваше вистинска драма. Дувњак ја презеде одговорноста и со удар од девет метри ја поведе Хрватска кон победата, а пак голманот Ашанин одбрани пенал.

На половина минута до крајот Хрватска имаше напад за триумф но не го искористи и мечот отиде во продолжение. И првото продолжение немаше победник и се играа дополнителни пет минути во кои главни играчи беа Сагорсен и Стапанчиќ. По една грешка на Караџиќ Норвешка дојде до водство од 26-25. Хрватска напаѓаше без голман и не успеа да постигне гол. Сепак по истекот на вторите пет минути Дувњак постигна седмерец за трето продолжение. Во решавачките пет минути Муса ја погоди решавачка топка за победа

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.