Вардар со убедлива игра попладнево го победи Монпелје и на третото место ја заврши групната фаза на ЛШ. Капитенот Столе Стоилов истакна дека пред почетокот никој не верувал во овој тим на Вардарци со оглед на бројните заминувања, но тие покажале дека се уште се силни.
Игравме против актуелниот шампион на Европа, екипа која многу ја почитуваме. Уште од првата минута бевме мотивирани, испративме јасна порака, дека ние сме домаќини и мораме да победиме. Без разлика на тие неколку мали паузи кога нè притиснаа, сепак успеавме да победиме, вели Стоилов.
Мислам дека никој не очекуваше дека ќе бидеме трето место. Многумина се откажаа од нас по заминувањето на неколку звучни имиња и поради тоа што не донесовме такви замени. Сепак, ние покажавме дека ова е колективен спорт, дека со залагање можеме да успееме. Мислам дека и можевме да бидеме втори, дека не треба да се лутиме поради тоа што загубивме дома од Веспрем. Мислам дека нема разлика дали ќе бидеме втори или трети, секако има силни противници во ЛШ, додава Стоилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.