Македонија е во наредната фаза на Светското првенство. Победата над Чиле во последното коло ни ја отвори вратата во втората рунда каде што задачата ќе биде многу потешка. Еден од поискусните ракометари Стојанче Стоилов зборуваше за турнирот, за репрезентацијата и за пласманот понатаму.
„Одигравме два катастрофално лоши натпревари, сепак, мило ми е што сме во следната рунда што останавме на турнирот и што ќе продолжиме да ја презентираме земјата. Мислам дека од меч во меч ќе се подобруваме, имаме неколку искусни ракометари , но исто така и седум играчи кои првпат играат на СП. Ова е специфично првенство, знам дека во Македонија има многу што со нетпрение го чекаа шампионатот и жалам што не можевме подобро да се подготвиме“, изјави Стоилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.