„Црвено-црните“ се вратија од „мртвите“, губеа со седум разлика во второто полувреме, но тоа како дополнително да ги мотивираше, им даде сила и со одлична игра на двете страни од теренот се вратија во игра, направија пресврт за конечно славје од 29-27. Најдобар коментар за оваа средба и за се што се случува сезонава имаше капитенот Стојанче Стоилов кој денеска стави точка на триумфот на македонскиот првак.
Ова го кажувам оваа година и години наназад, овој тим има карактер. Тоа е основа на се што овде правиме. Се што правиме оваа година е нереално. Тргна како лош филм, се надевам ќе победиме и да биде како Холивуд, истакна Столе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.