Ракометарите на Вардар в сабота се домаќини на Кјелце во седмото коло од Лигата на шампионите. Натпреварот меѓу бардар и Кјелце ќе се игра в сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов најави тежок натпревар.

Не очекува тежок натпревар против секогаш незгодниот Кјелце. Со нив играме секогаш интересни натпревари. Тие се наш голем ривал и сите сакаме да победиме. Се надеваме на поддршка од трибините. Ситуацијата не е лесна за нас. Имаме многу повредени играчи и многу кои штотуку закрепнаа од повреда. Мислам дека во моментов не знаеме на што сме. Наше е да дадеме се од себе како на сите останати натпревари и да се обидеме да победиме, изјави Стоилов на денешната прес-конференција.

Тренерот Едуард Кокшаров кажа дека се уште нема јасна слика како ќе изгледа тимот.

Во овој момент не можам ништо да кажам за тоа со кои играчи ќе располагам. Кој ќе игра , а кој не ќе се знае утре, на ден пред натпреварот. Не е лесно, но убеден сум дека оние кои ќе играат ќе дадат максимум. Самиот натпревар ќе покаже што и како, рече Кокшаров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.