Екипата на Вардар трета година едноподруго ќе биде дел од завршниот турнир во Келн. Во дебитантскиот настап, во 2017 година, вардарци во полуфиналето ја совладаа Барселона, а потоа и во финалето да бидат поуспешни од ПСЖ и да ја освојат титулата.
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов беше дел од историската сезона за „црвено-црните“, но овој пат фаворитската улога ѝ ја препушта на Барселона.
Ова е наше трето учество во Келн, не сме фаворити и играме против Барселона која е најголем фаворит. Барселона има одлична сезона, но на фајнал фор сите имаат еднакви шанси. Се игра еден натпревар и се може да се случи. Самото наше доаѓање во Келн е огромен успех за тимот. Многумина не очекуваа тоа да се случи, можеби и ние самите, имавме тешка сезона но тука сме во Келн и дојдовме да се надигруваме – вели Стоилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.