Стојанче Стоилов одигра одличен меч во денешната победа против Јапонија (38-29), па поради тоа беше избран и за играч на мечот од страна на одговорните лицеа на ЕХФ. Националниот пикер го заврши натпреварот со седум гола и го искажа своето задоволство за уверливата победа која ја оствари Македонија против Јапонија, но исто така го посочи и сегментот од играта во која мора да се подобри тимот пред новите предизвици на Светското првенство, особено оние посериозните.

Не бевме во грч, не се залетавме на стартот и одевме чекор по чекор. Нема брзање, знаеме дека овој формат на Светско првенство ни носи многу натпрвари, а денеска победивме релативно лесно, иако верувајте не беше така на теренот. Немаме друг избор, одиме чекор по чекор, па ќе видиме до каде ќе стигнеме.

 

Задоволен сум што победивме, но во одбраната имаме многу работи за подобрување. Ни следи меч со Бахреин, а потоа три меча на кои нема да бидеме фаворити. Искрено се надевам дека против Бахреин ќе биде полесно, бидејќи така шанса ќе добијат и дебитантите кои чекаат настап на вакво натпреварување. Тоа ќе значи и одмор за нас поискусните, да бидеме посвежи за Хрватска и следните предизвици, порача Столе по победата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.