Екипата на Вардар ќе има нова шанса да го одбрани СЕХА трофејот, откако во вечерашното полуфинале славеше над домаќинот Мешков Брест и закажа финале со големиот ривал ППД Загреб.
Можеби најдобриот ракометар на Вардар на вечерашниот меч, Стојанче Стоилов не го криеше своето задоволство од новото финале, пред сè заради тоа што истото е обезбедено преку натпревар со домаќинот, кој како што вели тој играл многу грубо.
Наидовме на многу груб противник, мислам дека правилата не дозволуваат ваква игра на една екипа, но тоа е. Мило ми е што победивме и што повторно ќе играме едно финале на СЕХА лигата. Сега, мораме максимално да го искористиме времето за одмор, бидејќи утре нè чека нов тежок меч против исто така многу цврста и група екипа. Долги години овој Вардар покажува карактер на големите натпревари. Се разбира дека не можеш да играш квалитетно во сите 60 минути, имавме падови, но добро е што подоцна заигравме како што треба и заслужено се изборивме за ново финале, рече Стоилов.
Финалето на овосезонската СЕХА лига е закажан за утре од 19:00 часот, а претходно Нексе и Мешков Брест ќе играат за престиж, односно за третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.