Иако нашата ракометна репрезентација одигра солиден меч против Исланд, тоа не беше доволно Македонија да дојде до третата победа на СП во Германија и Данска. Напротив Исланд ни го нанесе третиот пораз (24-22) и со тоа не остави без пласман во следната фаза.
Разочарани сме бидејќи воглавно одигравме добар натпревар. Сепак, знаеме дека ракомет се игра 60 минути, не може да играме добро едно полувреме и да се надеваме на успех против ривал како Исланд. Не можеме да играме добро само на таа брза страна, кога Кире може брзо да се смени, особено на светско првенство. За жал таа е реалноста, она што го увидовме на овие последни три натпревари, кога сме на брзата страна можеме со секого, но потоа на другата страна имаме проблеми што не успеавме да ги надминеме. Тоа е ракометот, имавме шанса да се вратиме, не ја искористивме и на крајот Исланд заслужено победи, истакна Стоилов по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.