Капитенот на македонскиот и европски шампион Вардар Столе Стоилов и каратистката од Макпетрол, Сара Радичевска се прогласен за најуспешни спортисти на Град Скопје за 2019 година.

Денеска во Големата Сала на Советот на Град Скопје се одржа доделување на наградите за Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје. Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје.

Суфијан Исмаили од боречкиот клуб Лирија беше избран за најдобар тренер додека Бесир Алили беше прогласен за најдобар младинец, а тенисерката Александра Симева за најталентиран младинец. Ракометарот на Вардар Даинис Криштопанс беше добитник на наградата за најдобар странец кој настапува во екипа од Скопје, а РК Вардар повторно е најдобар клуб во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.