Голем срам за Македонија, за спортот…Во нашата држава дефинитивно на некои луѓе им е дозволено да прават што ќе посакаат. Кога помисливме дека не сме го доживеале дното, на македонскиот национален сервис МРТВ 2 за време на преносот од дуелот меѓу Македонија и Јапонија се случи скандал, пишува порталот „Спортмедиа“.
Коментаторот Мустафа Адеми од засега не познати или познати причини, името и презимето на Стојанче Стоилов ниту еднаш не го изговори, постојано го нарекуваше „играчот со број пет”.
Адеми кој зема плата благодарение на нас Македонците, бидејќи телевизија за која работи е финансирана од буџетот на државата, треба да биде санкциониран и јавно да се извини за неговата непрофесионалност и обидот да предизвика националистички испад.
Ги повикуваме највисоките институции во нашата држава веднаш да преземат мерки и да застанат во одбрана на репрезентативците кои гинат за државната селекција, а не само да доаѓаат на натпревари и да се фотографираат со нив.
Ова е класично уривање на новинарската професија и кодексот на професионално и одговорно однесувње, бидејќи се работи за Државна телевизија која треба да биде вистински пример за високи стандарди во новинарската професија, а не социјална мрежа на која на кој како ќе му текне ќе ги изразува своите приватни ставови и фрустрации.
И на крајот Стоилов никогаш јавно и официјално не даде коментар за случувањата за време на изборот на спортист на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.