Македонската машка ракометна репрезентација го почнува Светското првенство, но и првaта шанса за пласман на Летните олимписките игри (ЛОИ) во Токио. Покрај домаќинот Јапонија, на следниот ракометен турнир на Олимписките игри во 2020 година, место има уште за 11 селекции. Една ќе добие директен пласман со освојувањето на шампионатот во Германија и Данска, а од второ до седмопласираните ќе играат во олимписките квалификации во април 2020 година.

Ако не успее во својата намера, нашиот национален тим ќе има шанса на Европското првенство, секако доколку таму се квалификува. Македонија почна со победа и пораз во групата со Исланд, Грција и Турција.

Нема да биде лесно да се стигне до олимпиското доигрување, а покрај овој Мундијал, шанса ни е и Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.