И покрај обидот на обезбедувањето да го одземе знамето со ѕвездата од Кутлеш (Вергина), кое за време на интонирањето на националната химна на ракометниот меч Македонија – Грција го вееше еден од навивачите, тоа остана да се вее. Навивачот остана во салата и го вееше знамето во текот на целиот меч.

Според порталот „Струмица денес“ тој на обезбедувањето им рекол дека ако го сакаат знамето ќе треба да го извадат насила од салата.

По овој вчерашен инцидент во салата „Парк“ во Струмица, се огласија и од навивачката група Комити, кои ги повикуваа сите агенции за обезбедување да не „прифаќаат наредби кои значат деградација и понижување на човечкото достоинство“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.