Навивачката група Комити издаде соопштение и воедно повик дека обезбедувањето во салата „Парк“ во Струмица не дозволило навивачи да го развеат знмето со сонцето од Кутлеш.
омити ги повикуваат сите агенции за обезбедување да не „прифаќаат наредби кои значат деградација и понижување на човечкото достоинство. Самоидентификација со национален симбол на цел еден народ не може и не смее да биде забрането! Во овој случај не постои оправдување од типот “Спроведуваме наредба”, затоа што спроведувањето наредба значи правење злосторство и обесправување на својот народ!“
Соопштението го пренесуваме во целост:
И покрај строгата хиерархиска поставеност, дури и во војничкиот кодекс на однесување не само што е дозволено туку е и задолжително одбивање на наредба на надреден во случај истата да противречи на моралните и човечките принципи, или доколку истата е криминална и противзаконска.
По случајот во салата Борис Трајковски, повторно слични случки и во салата Парк во Струмица вечерва. Обезбедувањето се повикува на наредби “од горе”, неморални наредби, нечовечки, криминални и противзаконски…Присилно одземање на знаме, симбол и идентификација на секој Македонец во светот, Ѕвездата на Кутлеш. Поранешно официјално државно знаме на Република Македонија а сега своеволно некој издава наредби за негова забрана за користење.
Ги повикуваме сите државни службеници, но и приватни агенции за обезбедување да не прифаќаат наредби кои значат деградација и понижување на човечкото достоинство. Самоидентификација со национален симбол на цел еден народ не може и не смее да биде забрането! Во овој случај не постои оправдување од типот “Спроведуваме наредба”, затоа што спроведувањето наредба значи правење злосторство и обесправување на својот народ!
Ги повикуваме сите оние кои ќе бидат сведоци на настан од овој тип да ги фотографираат униформираните службеници кои спроведуваат противуставни, противзаконски и антимакедонски агенди. Фотографиите нека ги испраќаат на оваа страна.
Оние кои поради самоидентификација со националниот Македонски симбол или името Македонија ќе бидат гонети, прогонувани, им се вршат притисоци, закани, на работните места, се напаѓани и слично, во нас и Македонскиот народ ќе добијат сојузник кој ќе направи се правдата да биде задоволена!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.