Вардар пред нецела недела направи огромен успех и по втор пат во својата историја се закити со титулата европски првак. Црвено-црните во финалето беа поуспешни од унгарски Веспрем (27-24). Крилниот играч на Вардар, Тимур Дибиров беше во посета на основото училиште „Владо Тасевски“, а учениците беа пресреќни што во живо можат да видат еден од своите херои.
Тој им раскажа на учениците како е да се биде европски првак, повторно. Трофејот освоен во Келн во Лигата на шампионите викендов беше дополнителен мотив за учениците да се фотографираат, а од Дибиров да побараат и автограм. Со солзи радосници, многу емоции, возбуда и среќа беше исполнет денот во училиштето.
Среќни сме шт ни се исполни желбата. Учениците треба да имаат идол и звезда што ќе им биде пример. Имаме многу деца спортисти, а сега уште повеќе изразуваат желба да се занимаваат со спорт. Верувам дека и во нашето училиште ќе имаме ракометно школо што ќе биде дел од вардаровото ракометно семејство, изјави Елка Даскалова, директорката на ООУ „Владо Тасевски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.