Селекторот на македонската ракоментна репрезентација кире Лазаров му обезбеди финале во Лига купот на Нант. Со гол од 10 метри на 18 секунди пред крајот Нант го изненади Момпелје, па серијата до 3-0 во завршницата со гол на Лазаров пресудија за пласман во финалето и битка со Шамбери за трофејот во Лига купот.

Нант во полуфиналето го совлада Монпелје со 27:26 и тоа благодарение на Лазаров кој го постигна голот за победа.

Иако натпреварот помина во израмнета игра, во финишот, Монпелје имаше предност од 24:26, но Нант благодарение на двете одбрани на голманот Нилсен и голот на Лазаров во последната минута, успеа да слави со 27:26.

Противник на Лазаров и Нант во финалето на Лига купот ќе им биде Шамбери кој приреди големо изненадување со победата од 29:28 над ПСЖ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.