Ракометната репрезентација на Македонија оствари многу важна победа во битката за пласман на Европското првенство откако со два гола разлика ја победи Швајцарија на гостински терен.

Клучни за нашата победа беа последните 15 минути, кога одигравме одчично и ја обезбедивме победата.

Првиот дел беше рамноправен, двете селекции се менуваа во водство, а на одмор се замина со нерешени 10:10.

Во второто полувреме Швајцарија дојде до три гола позитива 18:15, тогаш Брестовац побара тајм аут, по што Македонија заигра подобро, направивме серија од 5:0 и дојдовме до водство од 20:18 кое го одржавме до самиот крај за конечна победа од 25:23.

Кире Лазаров со шест погодоци беше најефикасен во нашиот состав, Стоилов постигна пет, по четири реализираа Кузмановски и Георгиевски. Митревски имаше седум одбрани, Томовски три.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.