Словенците неочекувано одлучија да ја прекинат соработката со Веселин Вујовиќ и тоа на само еден месец до Европското првенство, образложувајќи дека дошло до заситување меѓу него и ракометарите кое би можело да го загрози нивниот резултат на собирот на најдобрите на Стариот континент.
Но, популарниот Вујо има своја верзија за отказот, нагласувајќи дека му пресудил оној испад за време на тајм-аутот на дуелот против ППД Загреб кога на млад словенечки ракометар урлаше: „Умри бре…, повеќе да не те гледам“. Тоа, според Вујовиќ, довело до бунт кај останатите ракометари кои пред Сојузот поставиле ултиматум „или тој, или ние“.
Во меѓувреме на површина испливуваат и уште многу други нешта, па се до тоа дека земал и пари од ракометарите.
Вујовиќ уживаше да игра покер, но играше само за забава и опуштање. Сепак, секој кој сакаше да игра со него мораше да плати иницијален износ од 300 евра. Тоа важеше и за самите ракометари, па дури оние кои ќе учествуваа во игрите покер со него и му беа омилени. Оние кои не сакаа да играат ги решаваше со контроверзни ‘тренерски техники’ на тренинзите и на натпреварите, како што беше неодамна случајот со Алекс Влах. Играњето уценувачки покер често се случуваше и на подготовките на репрезентацијата, па дури и на самите првенства – пишува словенечка „Нова24“.
Словенците и натаму лицитираат со неколку имиња од кои ќе се бара наследникот на Вујовиќ, како што се Хуан Пастор, Талант Душејбаев, Алфред Гисласон, а не е исклучено довербата да се даде и на досегашниот асистент Урош Зорман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.