Женската репрезентација на Македонија ја очекува првиот натпревар од ЕХФ Евро Купот против селекцијата на Црна Гора.

Мечот ќе се одигра на 7 октомври в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:15 часот, а влезот ќе биде слободен (МРТ -пренос).

Дозволено ќе биде присуство на 30% од капацитетот на салата.

За влез во салата, гледачите ќе мора да поседуваат и приложат или сертификат за вакцинација или сертификат за прележан коронавирус во последните 45 дена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.