Шест македонски прволигаши ќе настапат на 49. издание на Струшкиот ракометен турнир, на кој годинава, спротивно на традицијата, нема да учествуваат екипи од странство.

Бранителот на трофејот Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Б заедно со Металург и Тиквеш, додека актуелниот шампион Вардар за противници во групата А ќе ги има екипите на домаќинот Струга и Бутел.

„Меѓународниот ракометен турнир – Струга 2021“ своето 49. издание ќе го има од 12 до 15 август на отвореното игралиште на Женска плажа во Струга



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.