Ракометната федерација на Македонија (РФМ) од денеска до 10 август ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки до 18 години.
Натпреварите ќе се играат во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“, а влезот за навивачите ќе биде слободен.
На турнирот ќе учествуваат 32 репрезентации. Македонскиот тим ќе игра во групата Б, заедно со Иран, Сенегал и Узбекистан.
Воведниот натпревар „црвено – жолтите“ ќе го играат вечерва од 20:30 часот против Сенегал, по што ќе следуваат дуелите против Узбекистан, в недела, и против Иран на државниот празник 2 август.
Сите три натпревари од групната фаза македонските ракометарки ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.