Во Скопје денес почнува Светското првенство за ракометари до 19 години кое трае до 18 август. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.

Македонија е во Ц-групата заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.

„Црвено-жолтите“ првиот натпревар ќе го имаат вечер со почеток во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.