Шестмина ракометари на Босна од Високо играле со симптоми на коронавирус против Криваја од Завидовиќи, а скандалозно е што челниците на домашниот тим знаеле дека тие имаат позитивни тестови на Ковид-19, но сепак одлучиле да настапат.

Ова е голем скандал, а домаќините сакале да им се одмаздат на гостите од Завидовиќи, бидејќи не сакале мечот да биде одложен.

Криваја намириса крв и не сака да се одложи мечот. Победија, но и се посрамотија на полетот на фер-плејот. Бодовите се освојуваат и се губат, но образот и пријателите не можете да ги сочувате со вакви потези, обвинија од таборот на Босна.

Натпреварот заврши со победа на Криваја од 33:31.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.