Македонскиот првак се наоѓа пред голем испит. Од Скопје во Унгарија донесе големи осум голови предност во четвртфиналниот двобој, но овојпат пред публиката на Сегед треба да ја потврди својата класа.

Вардарци уште од петокот се во Сегедин, а вчера го одработија и последниот тренинг пред возвратниот четвртфинален дуел против унгарскиот шампион.

Во опуштена атмосфера момците на Роберто Гарсија Парондо се загреваа за денешниот дуел кој ја крие последната карта за Фајнл Фор турнирот во Келн. Вардарци покажаа во Скопје како се игра за тимот и за клупските бои, без разлика на финансиите, а во Сегед тоа треба само да го потврдат.

Голманите на Вардар се на посебен режим и се подготвуваат и тренираат со Дејан Периќ, затоа на голот може да се најдат сите. На почетокот помош имаа во левото крило Владо Недановски, централниот бек Сташ Скубе и физиотерапевтот Димитар Маневски… како загревање за тренингот на шпанскиот стратег.

Еден за сите, сите за еден…

Натпреварот меѓу Вардар и Пик Сегед ќе се одигра во градската спортска сала Сегед , со почеток од 19:00 часот.

24rakomet.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.