Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар, не смета на искусниот Мануел Штрлек на престојното Европско првенство. Тој во изјава за „Спортске новости“ откри дека со Лино си кажале што имаат да си кажаат, и на крајот донел одлука да не игра за репрезентацијата.

Едноставно не се најдовме и решив да повлечам потег. Искрено разговаравме, потполно отворено и селекторот и јас. Си рековме еден на друг што ни лежи на душа, не би изнесувал повеќе. Јас не сум со нив, но со срце ќе навивам за нив да се вратат со злато, рече Штрлек.

Ова не е прво несогласување на Червар со некој репрезентативец. Во минатото ги имаше многу, а како селектор на Македонија, се замери и со Борко Ристовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.