Искусниот голман Арпад Штербик, кој пред две години го подигна европскиот трофеј со тимот на Вардар, синоќа се бореше за истиот трофеј, но на спротивната страна.
Штербик не можеше да го стартува финалето поради повредата која ја заработи на мечот со Кјелце, но сепак озастана на голот на стартот на вториот дел.
Унгарските медиуми се уште не можат да веруваат во тоа што им се случи на вчерашната средба, каде само на почетокот во првата минута, го имаа единственото водство на споменатиот финален меч.
За тоа зошто Вардар победи, со своја анализа излезе и поранешниот голман на Вардар.
Финалето треба да ви биде како последен меч, така се освојува титула. Дел од нашите играчи не го увидоа тоа, шанса која можеби друг пат нема да дојде. Вардар играше неверојатно, порача Штербик.
Порача дека Веспрем немал вистински пристап за едно големо финале на Ф4 турнирот.
Немав фрактура, но не можев да одам сабајлето. Тетивата многу ме болеше и имав проблеми со движењето. Се обидов да направ се за да помогнам на тимот. Не го стартувавме добро натпреварот, еден финалист во Лигата на шампионите не смее да игра на таков начин. Примавме лесни голови, блокот не функционираше. Миклер беше фрлен во оган, беше многу тешко за него. Моравме да играме како да ни е последен меч, а него направивме тоа. Навистина ми е жал, посебно поради Наѓ и Илиќ кои се пензионираат. Исто ми е жал и за други играчи, не сум сигурен дека повторно ќе се вратат тука во финалето – истакнал разочараниот Штербик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.