Репрезентација на Шпанија ќе се сретне со Холандија во големото финале на Светското првенство (СП) во ракомет за жени, откако денеска во второто полуфинале изненадувачки ја совлада фаворизираната Норвешка со 22-28.

Во финалето Шпанија и Холандија ќе се борат за својот прв трофеј на Мундијалите. За Шпанките ова е прво учество во мечот за злато, додека Холандија го повтори успехот од 2015 кога се закити со среброто. Финалниот меч на програмата е во недела во 12:30 по средноевропско време, додека мечот за бронзата меѓу Русија и Норвешка е закажан за три часа порано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.