Ракометната репрезентација на Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство во Египет. Во малото финале, Шпанците беа подобри од Франција која ја победија со 35:29 (16:13).

Уште од самиот старт „црвената фурија“ стекна висока предност од 4:0, по што во ниту еден момент од мечот не беше во негатива. Франција се доближуваше до минус два, а најблиску до егал беше на почетокот од вториот дел кога на семафорот стоеше само 16:15. Сепак, шпанската селскција повторно се одлепи, направи серија од 8:3 што се покажа како клучно за крајниот епилог.

Најефикасен кај победникот беше поранешниот играч на Вардар, десниот бек Алекс Душебаев, кој постигна осум голови.

На спротивната страна за „триколорите доминираше левото крило Уго Деска кој седумпати се запиша во листата на стрелците.

За Шпанците ова е втора бронза од Мундијалите, првата ја освоија во 2011 година, а Французите остануваат на четири бронзени медали.

Од 17.30 часот е големото финале помеѓу селекциите на Данска и Шведска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.