Првиот противник на македонската ракометна репрезентација во Египет, Шведска практично со Б-тим ќе настапува на Светското првенство, откако дури девет ракометари на 2викинзите“ го откажаа учеството.
Македонија со Шведска ќе се соочи задутре од 20.30 часот, а Швеѓаните се без Никлас Егберг, крилото на европскиот првак Кил, кој објави дека нема да игра со националниот тим, додека неговите клупски и репрезентативни соиграчи Јаспер Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон и Лукас Нилсон не патуваат откако процениле дека е преризично да одат на Северот на Африка.
Оваа четворка, откако Егберг прв се повлече од репрезентацијата, не е ни повредена, ниту има коронавирус, но 15-те дена во Египет се премногу за нив и не сакале да го прифатат тој ризик.
Плус голманот Микаел Апелгрин не оди на СП поради повреда на рамото, а Албин Лагергрен има ковид-19, а последен на списокот кој нема да играат е Антон Линдског, кој го има опасниот вирус, но затоа што веќе десетина дена е во изолација, дури и со негативен тест, тешко дека би играл од причина што нема ниту еден тренинг во изминатиов период.
Македонија денеска ја доби визата за настап на СП, откако се откажа Чешка попладнево поради преголемиот број на заразени ракометари од коронавирус.
Извор: Спорт1.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.