Најпријатното изненадување во македонската ракометна супер лига, вториот тим на Еурофарм Пелисер вечерва во Битола го совлада шампионот Вардар со 27:26.

Битолчани изнанадувањето на колото го најавија во првото полувреме кое го завршија со предност од 14:11, а поттикнати од 2.000 публика, на крајот успеаја да слават со 27:26.

Во тимот на домашните имаше подеднакво залагање на натпреварот и успехот е заеднички, а статистички, најефикасен беше Арсенијевиќ кој постигна седум голови, додека кај гостите од Скопје најефикасен беше Георгиевски кој постига шест голови.

Големото спортско изненадување на колото, публиката го поздрави со долготраен аплауз во кој освен ракометарите свој придонес имаше и извонредната судиска двојка, Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.